Гарантиран квалитет и пристапни цени – Рептил маркети се приклучија на ЛКА Групацијата

14

Купувачите ширум Македонија, од неодамна, на одредени излози од локалните маркети, ќе забележат лого кое е ознака на ЛКА Групацијата. Станува збор за посебно трговско друштво- стопанска заедница, кое постои нешто повеќе од една година, а чии членови се постоечки локални маркети од повеке градови низ цела Македонија , а кои се на пазарот повеќе од 20 години

Едни од маркетите кои се приклучија на ова здружение, се ланецот на маркети „Рептил“.

„Рептил“ се маркети со долга традиција, а познати се по тоа што нудат висококвалитетни производи по поволни ниски цени, сѐ со цел да ги задоволат потребите на потрошувачите.

Овој маркет со приклучувањето во групацијата на ЛКА Групацијата , уште еднаш докажа дека се грижи за квалитетот на производите, а пристапните ниски цени се клучни за купувачите да бидат среќни и задоволни.

Целта на ова лого, кое ќе биде поставено на секој маркет на „Рептил“, како и на други маркети кои се дел од ЛКА Групацијата, ќе комуницира продажба на квалитетни производи по најприфатливи ниски цени.

Повеќе од една година на ниво на цела држава, овој маркет, како дел од ЛКА Групацијата, спроведува и редовна викенд акција со супер атрактивни ниски цени во периодот од четврток до сабота, што претставува уште еден доказ, дека потребите на потрошувачите за „Рептил“, се секогаш на прво место.

Продажните објекти на ЛКА Групацијата се застапени буквално низ целата земја и бројат речиси 150 маркети  во Куманово, Скопје, Гостивар, Кавадарци, Виница, Тетово, Струмица, Битола, Кичево, М. Брод, Охрид, Струга и Св Николе.

Дополнително, плановите на „Рептил“ и ЛКА Групацијата за следните неколку месеци вклучуваат збогатување на асортиманот во маркетите со нови брендови кои ќе го зголемат изборот на рафтовите и ќе одговорат на барањата за нивните потрошувачи.

Здружението на локални ланци на маркети ЛКА, функционира повеќе од две години и е во постојано ширење на своите членки и број на продажни локации.

Ланецот на маркети „Рептил“ со оваа активност сака да ја истакне премисата дека потрошувачите се секогаш на прво место.