Гаража чини колку еден стан

229

Цените на недвижнините во Белград се во постојан пораст и нема назнака дека тој тренд ќе престане. Покрај цените на становите во српската престолнина, посредно растат и цените на гаражните места, кои на одредени места во градот достигнуваат вредност и од над 20.000 евра, пишува Nova.rs.

Гаражи за продажба скоро и да нема, а според експертите за недвижнини, достигнуваат цена колку една гарсониера. Ваквиот тренд не е само во Србија, туку и во многу земји од Европа, бидејќи целокупниот пазар на недвижнини прилично е изменет.

Една од причините за вакви промени е зголемената концентрација на луѓе во градовите, кои ги напуштаат родните места за подобар живот во градовите. Освен тоа, луѓето имаат подинамичен живот, изменети потреби, повеќе автомобили во едно семејство, па затоа наоѓањето слободен паркинг може да биде “ноќна мора“.

Фото: Pixabay