На вертикална градина, што зафаќа површина од само 30-тина сантиметри, може да се одгледуваат 50 различни видови на растенија.
Станува збор за вертикалната градина Garden tower project 2 на истоимената компанија од Индијана, САД.
За да се одгледуваат растенијата може да се користат остатоци од храна, не се употребуваат пестициди и други хемиски производи за заштита од штетници. Го намалува количеството на вода што е потребна за одгледување на различни растенија и се грижи за животната средина.
Garden tower project 2 го прави градинарството едноставно, еколошко и достапно во секој простор.
Вертикалната градина, поради нејзиниот дизајн, овозможува подобрени перформанси на растенијата за 265%. Внатрешниот дел ротира, па може да се врти во зависност од тоа кои растенија имаат потреба од сонце.
Garden tower project 2 лесно се поставува и е целосно биоразградлив.
На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, иако првично побара 31.400 долари, проектот доби поддршка од 431.867 долари.