Garden tower project 2 – вертикална градина за одгледување растенија

187

vertikalna gradina

На вертикална градина, што зафаќа површина од само 30-тина сантиметри, може да се одгледуваат 50 различни видови на растенија.

Станува збор за вертикалната градина Garden tower project 2 на истоимената компанија од Индијана, САД.

За да се одгледуваат растенијата може да се користат остатоци од храна, не се употребуваат пестициди и други хемиски производи за заштита од штетници. Го намалува количеството на вода што е потребна за одгледување на различни растенија и се грижи за животната средина.

vertikalna gradina 1Garden tower project 2 го прави градинарството едноставно, еколошко и достапно во секој простор.

Вертикалната градина, поради нејзиниот дизајн, овозможува подобрени перформанси на растенијата за 265%. Внатрешниот дел ротира, па може да се врти во зависност од тоа кои растенија имаат потреба од сонце.

Garden tower project 2 лесно се поставува и е целосно биоразградлив.

На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, иако првично побара 31.400 долари, проектот доби поддршка од 431.867 долари.

vertikalna gradina 2