„Гардијан“: Стравот од Трамп ги тера британските банки да бараат замена за Visa

Раководителите на најголемите британски банки го одржаа првиот состанок за воспоставување локален систем за плаќање, познат како „DeliveryCo“, за да се намали зависноста од американските платни мрежи Visa и MasterCard, објави „Гардијан“.

Причината е загриженоста дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги прекине услугите на тие компании, што би ја загрозило британската економија, според официјални лица.

Состанокот го водеше извршниот директор на „Барклис УК“, Вим Мар, а во дискусијата учествуваа претставници на големи банки и платни компании, вклучувајќи ги „Сантандер УК“, „НатВест“, „Лојдс банкарска група“, „Нејшнвајд“, „Ковентри билдинг сосајети“ и мрежата на банкомати „Линк“.