Недвижнините на хрватското приморје се продаваат по исклучително високи цени, а износот што треба да се одвои за нив постојано расте.
Едно од најскапите подрачја веќе со години е Сплит, каде што цената на еден метар квадратен надминува 6.200 евра. Па така, во Сплит мала гарсониера од 10,38 квадрати се продава за 6.262 евра за метар квадратен или за 65.000 евра, пренесувa Вечерњи лист.
Оваа гарсониера, како што се наведува во огласот, е модерна и се состои од една просторија во којашто има и дел за спиење, кујна, туш кабина и WC.
Во цената е вклучен и целиот мебел, а просторот е климатизиран и има апарати како што се телевизор, машина за садови и алишта.
Фото: Pexels