Гасот ќе продолжи да влегува во Европа преку Украина

49

Рускиот гигант Газпром денеска објави дека ќе продолжи да ја снабдува Европа со гас преку Украина, преку граничниот премин Суја.

Низ тој влез во Украина денеска ќе поминат 44,7 милиони кубни метри, што е благо намалување во однос на неделата кога изнесуваше 45,9, пренесе Ројтерс.

„Газпром“ додаде дека нивното барање за пренос на гас преку главната станица Сорановка било одбиено од Киев.