Гасот скокна на над 3.200 долари за 1.000 кубни метри

88

Цената на гасот во Европа денеска се искачи на над 3.200 долари за 1.000 кубни метри, првпат од 8 март годинава, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Гасот за испорака во септември (фјучерс договори) се тргува во холандскиот центар TTF по цена од 3.215 долари за 1.000 кубни метри, односно за 310.505 евра за мегават-час (MWh) по тековниот курс евро/долар, пренесува ТАСС.

Од отворањето на денешното тргување, цената скокна за повеќе од 7,0 отсто од нивото од 3.113 долари за 1.000 кубни метри, на кое беше затворено во средата навечер.