
Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми за 171 процент од почетокот на годината, покажуваат податоците од стоковите берзи. Референтниот холандски TTF гас на крајот од неделата чинеше 76,36 евра за мегават час.
Цената на гасот пораснаа и во Велика Британија, за 159 проценти. Цената на мазутот на американската берза се зголеми за повеќе од двојно (+115 проценти), а бензинот е поскап за 94 проценти.
Барел нафта од типот Брент во петокот чинеше 102,7 долари, што е за 69 проценти повеќе отколку на почетокот на годината, а американската нафта WTI беше 91,26 долари, со зголемување од 59 проценти. Цената на јагленот се зголеми за 39 проценти.
Проблемот во рафинериите
Нафтата падна во петокот откако земјите од Г7 преку Меѓународната агенција за енергија објавија ослободување на 100 милиони барели дизел и други резерви на пазарот.
Цените нагло пораснаа еден ден претходно откако Кина го суспендираше извозот на гориво и се зголемија тензиите меѓу САД и Иран.
Како што објавува специјализираниот портал „ЕнерџиНау“, проблемот повеќе не е самата сурова нафта, туку готовото гориво. Прекините во рафинериите на Блискиот Исток и Русија го намалија снабдувањето со дизел и други деривати.











