Гасот во Турција поскапува за 50 отсто за стопанството, за 35 отсто за домаќинствата

92

Цената на природниот гас за индустриските капацитети во Турција од денеска е повисока за 50 отсто, а за домаќинствата за 35 отсто, објави државната компанија за увоз на гас Ботас. Инфлацијата во Турција надмина 54 отсто.

Во соопштението на Ботас, објавено доцна во четвртокот, се наведува и дека цената на природниот гас за производство на електрична енергија е зголемена за 44,3 отсто од 1 април, пренесува Ројтерс.

Трошоците за турскиот увоз на енергија почнаа да растат од септември 2021 година, а во првите два месеци од оваа година тие скокнаа за 212 отсто во однос на истиот период лани, на 16,8 милијарди долари.