
Рускиот гасен гигант „Гаспром“ испорача 166 милијарди кубни метри гас на домашниот и на странскиот пазар во првата половина на 2023 година, соопшти вчера компанијата.
Тоа претставува намалување во однос на испорачаните 225,7 милијарди кубни метри гас во истиот период лани.
Производството на гас на „Гаспром“ во првата половина од годинава исто така се намали за 24,7 отсто и достигна 179,45 милијарди кубни метри. Производството на нафта и кондензат во истиот период е зголемено за 8,8 отсто и достигна 36,31 милиони тони“, се наведува во соопштението, пренесува Срна.











