Гаспром продолжува да испраќа гас во Европа преку Украина

Гаспром испорачува гас за Европа преку Украина, во количина од 41,8 милиони кубни метри дневно, преку гасната станица Суја во руската област Курск.

Ова им го кажа на новинарите претставникот на руската компанија.

„Гаспром од 22 октомври испорачува руски гас во транзит преку украинска територија во волумен потврден од украинската страна преку пумпната станица Суја во количина од 41,8 милиони кубни метри“, изјави претставник на Гаспром, пренесе ТАСС.

Тој додаде дека е одбиено барањето за испорака на гас преку станицата Сохрановка.

Транзитната линија низ Украина останува единствената рута за снабдување на земјите од Западна и Централна Европа со руски гас. Целосно е прекинато пумпањето низ Северен тек.