Гаспром со нова оптичка мрежа ќе му конкурира на Телеком Словенија

57

Директорот на Гаспром Алексеј Милер и трговскиот управник на крањската телекомуникациска компанија Комита, Аљоша Иванчич, потпишаа акционерски договор за основање нова компанија South Stream Telecom AG.

Комита и Гаспром Телеком со овој потег ќе делат половина од уделот со South Stream Telecom AG која ќе биде регистрирана во Швајцарија. Оваа нова компанија ќе и бидe директна конкуренција на Телеком Словенија.

“Планираме да изградиме информациски автопат од Русија до Европа и назад. Тие капацитети потоа ќе им ги продадеме на телекомуникациските гиганти од Европа и Азија, на регионалните и националните телекоми. Уверени сме дека ќе обезбедиме конкурентност на пазарот, затоa што нудиме поевтин пренос на податоци“, изјави Иванчич, пренесува Финанце.

Како што пишува словенечкиот весник, оптичката мрежа ќе биде поставена во Словенија, Италија, Србија, Бугарија и Унгарија.