Гаспром: Цената на гасот во ЕУ во зима може да надмине 4.000 долари

70

Рускиот гасен гигант Гаспром денеска соопшти дека не исклучува сценарио според кое цените на гасот во Европа во текот на зимата би можеле да го надминат нивото од 4.000 долари за илјада кубни метри, пренесе агенцијата ТАСС.

„Забележуваме дека на самото место на пазарите во Европа цените на гасот веќе го надминаа нивото од 2.500 долари. Според конзервативните проценки, доколку продолжи овој тренд, цените во зима ќе надминат 4.000 долари за илјада кубни метри“, се вели во соопштението на Гаспром.

Производството на Гаспром од 1 јануари до 15 август, според прелиминарните податоци, изнесува 274,8 милијарди кубни метри гас, што е за 13,2 отсто помалку во однос на истиот период лани. Побарувачката за гас што го произведува „Гаспром“ на домашниот пазар е намалена за 2,3 проценти.

Рускиот весник Комерсант објави дека на крајот на јули цената на гасот во Европа почнала да расте, што сега надминала 2.000 долари за 1.000 кубни метри, а причината за тоа е намалувањето на понудата на Северен поток од страна на Гаспром.