Gather: Модуларен организатор што го средува неуредното биро

24

organizatorФото: Kickstarter
Gather е минимален, модуларен организатор кадешто може да се сместат многу предмети од бирото на корисникот. Дизајниран е да го намали нередот, а може да се конфигурира на различни начини.

“Како дизајнер поголемиот дел од денот го поминувам работејќи на мојата маса и неколку пати посегнувам по предметите потребни за извршување на мојата работа. Се обидував да останам организиран, но на крајот на денот моето биро беше хаотично. Барав производ за да го решам овој проблем, но продуктите на пазарот беа грди и евтино изработени организатори. Сакав убаво дизајниран, минимален организатор што ќе ги собере сите потребни предмети, затоа го создадов Gather“, вели дизајнерот Џеф Шелдон.

Системот на решетки овозможува секое парче да се ротира или постави по должината на базата, а вградените магнети овозможуваат да се закачат дополнителни парчиња. Организаторот Gather, којшто е изработен од дрво, е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter каде треба да собере 18.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште 11 дена, а  веќе се собрани 341.730 долари.