Руската компанија Газпром го раскина договорот за изградба на гасоводот Јужен тек, пишува руската новинска агенција Tass.
Одборот на директори на компанијата го одобри раскинувањето на договорот меѓу Газпром и компанијата Транспорт Јужен тек Б.В. (South Stream Transport B.V.) склучен на втори октомври 2013 година, за транспорт на гас.
На први декември минатата година, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја нема да го имплементира проектот Јужен тек.
Проектот, чија вредност се проценуваше на 15,5 милијарди евра, требаше да ја снабдува Европа со 67 милијарди кубни метри природен гас годишно.