Газпром ја прекинува испораката на гас за Бугарија

46

Руски „Газпром“ ќе ја прекине испораката на гас во Бугарија од 27 април, се вели во соопштението на бугарското Министерство за енергетика, пренесува Тасс.

„Булгаргаз  доби известување дека испораките на природен гас ќе бидат прекинати од 27 април 2022 година“, се вели во соопштението на Министерството.

Бугарските власти во март соопштија дека нема да го плаќаат горивото во рубљи.

Прекинот е поради неприфаќањето на одлуката на Путин, гасот да се плаќа во рубљи наместо во долари и евра. Бугарските власти оцениле дека плаќањето во рубљи е спротивно на договорот потпишан со Газпром и е ризичен потег.

Софија тврди дека вакво сценарио било разгледувано од февруари и почетокот на војната во Украина и дека државата се подготвувала и за прекин на испорака на гас.