Газпром ја зголеми испораката на руски гас во Кина за 63,4 отсто во првата половина од годината

47

Газпром ја зголеми испораката на гас во Кина преку гасоводот Моќта на Сибир за 63,4 отсто во првата половина на 2022 година, објави рускиот холдинг за гас.

„Извозот на гас во Кина преку гасоводот Моќта на Сибир расте во согласност со долгорочниот билатерален договор меѓу Газпром и Кинеската национална нафтена корпорација (CNPC).

Важно е да се напомене дека испораките на руски гас во Кина преку тој гасовод се зголемија за 63,4 отсто“, се вели во соопштението на Газпром, пренесе Тасс.