Газпром ќе испорачува повеќе гас за Европа

65

Извршниот директор на Газпром, Алексеј Милер вети дека компанијата ќе почне да испумпува гас во Европа веднаш штом ќе ги наполни руските магацини.

Газпром има подземни складишта за гас во Европа, вклучувајќи ги Австрија и Германија. Во моментот обемот на гас во овие подземни складишта е незначителен, многу, многу мал, нешто помалку од 190 милиони кубни метри гас, рече Милер.

Цените на гас во Европа се зголемија повеќе од трипати од почетокот на годината, а европските политичари постојано изразуваа сомнеж за Москва, велејќи дека Газпром намерно ја затвора чешмата за да ги принуди земјите од ЕУ да го одобрат гасоводот Северен поток 2, поставен на дното на Балтичкото Море.

Газпром ги отфрли сите обвинувања за манипулации на пазарот, тврдејќи дека испорачува гас за Европа во строга согласност со договорите.