Руската државна компанија Газпром планира да произведува гас на некои полиња уште 110 години, изјави нејзиниот извршен директор Алексеј Милер.
Тој изјави дека Газпром е светски лидер по резерви на гас и дека овој извор на енергија ќе биде доволен за многу години, пренесува Мина.
„Нема сомнеж дека нашите клиенти ќе имаат доволно гас многу, многу години, а во некои полиња ќе го произведуваме до 2134 година“, рече Милер.
Тој додаде дека клучот за тоа е пополнување на базата на ресурси.
Пред две години, Милер рече дека производството на некои од полињата на Газпром ќе заврши во 2141 година, па дури и подоцна, и дека компанијата ќе продолжи да развива нови центри за производство на гас.