Газпром повеќе нема да го користи полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа

115

Рускиот енергетски холдинг Газпром објави дека повеќе нема да го користи полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа, кој транспортира руски гас до европските клиенти.
Претставникот на Газпром, Сергеј Купријанов во соопштение потсети дека руската влада одлучила да воведе санкции за различни странски компании, меѓу кои и полската компанија EuroPol GAZ.

Бидејќи Еуропол ГАЗ, кој е сопственик на полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа, е предмет на санкции, рускиот гас повеќе нема да се испорачува по оваа рута, објасни Купријанов.

Тој додаде дека Полска, како акционер на EuroPol GAZ, многупати ги прекршила правата на Газпром и дека воведувала санкции и за рускиот енергетски гигант.

Гасоводот Јамал-Европа е една од најважните линии за транзит на руски гас во Европа, заедно со гасоводот Северен тек и гасоводите во Украина.

Овој гасовод има годишен капацитет од 33 милијарди кубни метри гас.