Газпром се заканува дека ќе ја намали испораката на гас во Европа

26

Руската државна компанија за гас Газпром синоќа се закани дека може да го прекине снабдувањето со гас во Европа веќе следната недела, пренесува Гардијан.

Во соопштението Газпром го обвинува Киев за попречување на испораката на 52,52 милиони кубни метри гас наменет за Молдавија.

– Количината на гас обезбедена од Газпром за транзит до Молдавија преку Украина е поголема од физичката количина што ја мина границата на Украина и Молдавија – објави Газпром во соопштение и додаде дека „од понеделник, 28 ноември, ќе започне со намалување на снабдувањето со гас доколку продолжи транзитната нерамнотежа на гас преку Украина за купувачите во Молдавија“.

Украинскиот гасовод е последниот преостанат гасовод преку кој рускиот гас сè уште стигнува до Западна Европа, откако Газпром го прекина снабдувањето со гасоводот Северен тек 1.

Украина негираше дека ја блокирала испораката на гас, велејќи дека целиот договорен гас до Молдавија е уредно трансферирана.