Газпромбанк најавува продажба на својата швајцарска филијала

63

Руска Газпромбанк објави дека ја разгледува иднината на својата швајцарска филијала, додавајќи дека меѓу опциите вклучува и продажба.

Банката преку соопштение за медиумите соопшти дека очекува да заврши стратегиската проценка до крајот на септември.

Таа ги повика заинтересираните инвеститори веднаш да контактираат со нејзините претставници.

Во пазарните кругови меѓу потенцијалните купувачи на швајцарската филијала на Газпромбанк се споменуваат трговци со стоки, наведува агенцијата ДПА .

Според податоците од официјалната веб-страница, швајцарската филијала на Газпромбанк имала 84 вработени на крајот на 2020 година и управувала со имот во вредност од 1,8 милијарди швајцарски франци (1,84 милијарди долари).

Компанијата во меѓувреме е исфрлена од Здружението на швајцарски банки во согласност со меѓународните санкции против Русија поради инвазијата на Украина.