Газпромбанк: Условите за плаќање на гас во рубљи ќе бидат поволни

124

Газпромбанк ќе ги создаде сите услови за поволно плаќање на рускиот гас во рубљи, соопшти прес-службата на банката.

Банката ги има сите потребни ингеренции, технологии и искуство за брзо и квалитетно спроведување на денешната уредба на рускиот претседател, соопшти Газпромбанк, пренесува ТАСС.

Според указот на претседателот Путин објавен на веб-страницата на Кремљ, Газпромбанк ќе отвори специјални сметки во рубљи за купувачите на гас од „непријателските земји“.