GE го купува италијански Avio за 4,3 милијарди долари

30

Американскиот индустриски конгломерат General Electric (GE) ќе ја купи единицата за авионски делови на италијанскиот проиведувач Avio за 4,3 милијарди долари.

GE се надева дека ќе ја искористи експертизата на Avio и за други индустрии. Конгломератот планира да создаде “дополнителни можности и да ги понуди продуктите и услугите на Avio надвор од воздухопловната индустрија”.

“Оваа аквизиција одлично се вклопува стратешки во нашето портфолио. Avio има технологии, капацитет и исклучителни инженери кои ќе му помогнат на нашиот бизнис да расте”, изјави Дејвид Џојс, претседател и извршен директор на GE Aviation.

GE нема да ја преземе единицата за вселенска технологија, која има 800 вработени.

GE го купува Avio од британскиот приватен фонд Cinven, кој пак го купи во 2006 година за 3,4 милијарди долари. По преземањето, Cinven постави нов извршен директор и започна програма за инвестирање во развој и истражување.

Минатата година Avio во авионската единица оствари 2,4 милијарди долари приход.