GE ќе гради џиновска ветерница висока 260 метри

49

Фото: Ge.com

Американската компанија General Electric ќе ја гради најголемата ветерница за производство на електрична енергија. Станува збор за ветерницата под името Haliade – X, што во комерцијална употреба би требало да се стави во 2021 година.

Џиновската ветерница ќе биде висока 260 метри, од површината до врвот на лопатките. Само како споредба, Haliade – X ќе биде три пати поголема од Кипот на слободата во САД или колку Ајфеловата кула.

Распонот на лопатките е 220 метри, а при нивно движење, тие ќе зафаќаат површина од 38.000 метри квадратни.

Нејзиниот капацитет ќе биде 12 мегавати