Гејтс креира супер личен асистент на иднината

21

bil gejts 0

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, работи на проектот Супер личен асистент на иднината – Personal Agent, пишува порталот The Verge.

“РА ќе запаметува сè и ќе му помага на поединецот, ќе го потсетува да се врати и да пронајде одредени предмети, да го насочува кон нештата на кои треба да им обрне внимание“, вели Гејтс.

Тој открива дека тоа би можело да биде производ што ќе функционира на неколку платформи, но не се познати повеќе детали, ниту датумот кога ќе биде лансиран овој супер асистент.

Гејтс и понатаму е дел од управувањето на Microsoft и негова грижа се технолошки проекти од овој ИТ гигант.