Гејтс има нови предвидувања

202

Еден од најбогатите луѓе во светот, претприемачот Бил Гејтс има свое предвидување кога се работи за светската работна сила. Според него оние кои се занимаваат со наука, инженерство и економија ќе бидат барани во годините што доаѓаат.

Вели дека тие се „агенти на промени за институциите“.

„Основните знаења во науката, математиката и економијата ќе бидат клучни за постигнување кариера“, рече Гејтс.

За потсетување, богатството на Гејтс продолжува да расте и се проценува на 139 милијарди долари, а Џеф Безос и Илон Маск го претекнаа на листата на најбогати техно луѓе во светот.