Гејтс ќе го подели своето богатство и ќе исчезне од листата на најбогати луѓе во светот

177

На денешен ден, 28 октомври 1955 година, е роден Бил Гејтс, американски бизнисмен кој заедно со Пол Ален ја основале компанијата Мајкрософт.

Од 1991 година важи за најбогат или втор најбогат човек на светот, но за прв пат оваа година според листата на Форбс падна на четвртото место, пишува Бонитет. Оваа година тој се разведе и од Мелинда Гејтс, со која ја води фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.

Според последните податоци на Форбс, богатството на Гејтс се проценува на речиси 130 милијарди долари.

Вети дека ќе донира пари
Тој на почетокот на годинава изјави дека ќе ги донира своите пари и ќе се симне од листата на најбогати луѓе во светот.

Само на својата добротворна фондација ќе даде 20 милијарди долари бидејќи, како што рече, чувствува обврска да врати дел од своите средства во општеството.

Гејтс првпат ветил дека ќе го подари своето богатство во 2010 година, но оттогаш го зголемил повеќе од двојно, забележуваат медиумите. Од друга страна, достапните информации покажуваат дека тој во текот на претходните децении донирал стотици милиони евра на различни фондации и здруженија.

Неговото богатство дополнително ќе се намали по паричниот подарок на „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, добротворен фонд што го основа во 2000 година заедно со неговата поранешна сопруга.

Фондацијата ќе ги зголеми трошоците од шест на девет милијарди долари годишно до 2026 година, напиша Гејтс на Твитер.

Причината се неодамнешните „пречки на кои наиде светот“, како што напиша, меѓу кои се и последиците од рускиот напад врз Украина, пандемијата на коронавирус и глобалното затоплување.

„Додека гледам кон иднината, планирам практично целото мое богатство да го дадам на фондацијата. Ќе се поместам надолу на листата на најбогати луѓе во светот и на крајот ќе исчезнам од неа“, рече Гејтс.

Тој додаде дека чувствува обврска да ги врати средствата во општеството со цел на најефикасен начин да се намали страдањето на луѓето и да се подобри квалитетот на нивниот живот.

Се надевам дека и другите со големо богатство ќе го следат примерот“, напиша ко-основачот на Мајкрософт.

Неговата фондација има сума од 49,8 милијарди долари, а ја поддржуваат и други богати добротвори како милијардерот и инвеститор Ворен Бафет.

Фондацијата беше најголемиот финансиер на Светската здравствена организација во 2018 година, зад владата на Соединетите држави.

Гејтс ја држеше титулата на Форбс за најбогат човек на светот помеѓу 1995 и 2010 година, а таа позиција повторно беше од 2013 до 2017 година.

Во 2010 година, Бил Гејтс, заедно со инвеститорот и неговиот пријател Ворен Бафет, ја започнаа кампањата „The Giving Pledge“, чии потписници, најбогатите Американци, симболично ветуваат дека ќе дадат барем половина од своето богатство на донации.

Меѓу потписниците на ветувањето се основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг и претседателот на Епл, Тим Кук.

Интересно е што најбогатиот човек на светот, Американецот Џеф Безос (Амазон), не е потписник на залогот, туку несебично издвојува многу пари за добротворни цели, преку своите организации. Така оваа година тој додели 100 милиони долари на 24 организации кои се борат против семејното бездомништво.