Гејтс смета дека ова е единствено решение за справување со корона кризата

129

Бил Гејтс смета дека единствено решение за намалување на бројот на смртни случаи и минимизирање на економските штети од Ковид – 10 во САД е целосна изолација во текот на шест до 10 недели.

Според основачот на Microsoft, ако во САД се спроведе строга изолација, може да се очекуваат добри вести за околу три недели. Гејтс смета дека во овој момент луѓето мора да ја почитуваат изолацијата за да се спречи сценарио како она во Вухан или во северна Италија.

Вториот најбогат човек на планетата, веднаш зад основачот на Amazon, досега од своето богатство од над 97 милијарди долари, донираше околу 50 милиони долари за третирање и дијагностицирање на Ковид – 19.

Фото: Facebook