General electric го зголемува производството на респиратори

27

Одделот на General electric за производство на медицинска опрема ги зголемува производните капацитети за производство на респиратори, што се клучна опрема во борба против коронавирусот, пишува Investor’s business daily.

Освен респиратори, компанијата го зголемува производството и на друга важна медицинска опрема, како што се мобилни рендгени, ултразвучни уреди и апарати за следење на состојбата на пациентите. Оваа опрема, како што се наведува, е клучна за дијагностицирање и третман на пациенти со коронавирус.

Фото: Pixabay