General Motors отвори најголемата тест патеката во Кина

22

Заедно со своите локални партнери – SAIC, Shanghai GM и Pan Asia Technical Automotive Center, General Motors ја отвори најголемата патека за испитување во Кина. Guangde Proving Ground се простира на површина од 5,67 квадратни километри и и чини околу 250 милиони долари. Според GM, трасата може да понуди 67 различни патни услови, на кои можат да бидат тестирани околу 140 возите истовремено.
Непосредно пред отворањето на патеката, Американците изјавија дека продале двомилионскиот свој автомобил во Кина, на 21 септември оваа година.