Американската автомобилска компанија, General Motors (GM) повлекува повеќе од 900.000 возила ширум светот во две одвоени кампањи поради проблеми со софтверот за сопирање и опасност од пожар, пишува Ројтерс.
Најголемиот американски производител на автомобили повлекува повеќе од 550.000 автомобили од типот Chevrolet Silverado 1500, Cadillac CТ6 и GMS Sierra 1500 поради потенцијален софтверски пропуст којшто би имал проблеми со системот за сопирање.
Грешката, за којашто од GM велат дека е ретка, може да оневозможи електронска контрола на стабилноста на возилото или системот за сопирање.
GM, исто така, повлекува повеќе 400.000 товарни возила поради проблеми со кабелот за напојување од акумулаторот поради прекумерно нанесено лепило што би можело да предизвика пожар кај моторот.
Фото: Pixabay