Генерали стана втор осигурител по големина во Словенија

142

Адриатик Словенија со стартот на 2020 година стана дел од групацијата Генерали со спојувањето на Генерали Заваровалница Триглав. Новиот осигурителен субјект се вика Генерали.

“Друштвото за осигурување Генерали станува еден од најголемите играчи на словенечкиот осигурителен пазар и воспоставува цврста основа за понатамошно зајакнување на нејзината позиција на пазарот. Како најголема меѓународна компанија за осигурување во Словенија, имаме повеќе од 660.000 осигуреници со повеќе од еден милион полиси за осигурување“, изјави извршниот директор, Вања Хорват.

Во 2018 година, Генерали Осигурување и Адриатик Словенија заедно имаа запишано 407,2 милиони евра бруто премии.

“Со финансиски силниот и меѓународно признат сопственик на Генерали, уште повеќе ќе го зајакнеме нашето присуство во Словенија – преку сеопфатен асортиман на осигурување, услуги за помош, силна продажна мрежа и решавање на барањата за квалитет“, изјави Хорват.

Адриатик Словенија минатата година беше купена од КД Групацијата од Генерали, којашто е дел од италијанската групација Генерали.

Куповната цена за 100% од акциите беше 245 милиони евра, а со аквизицијата на Адриатик Словенија и КД Фонд, Генерали стана втората по големина осигурителна компанија во земјата, а пред нив се само најголемиот осигурител Заваровалница Триглав.