Генералниот директор на Air Serbia поднесе оставка

24

air-serbia

Фото: Facebook

Генералниот директор на српскиот национален авиопревозник, Air Serbia, Дане Кондиќ, поднесе оставка по четири години поминати на таа функција, стои во официјалното соопштение.

Оставката, како што се наведува, Кондиќ ја поднесува поради лични причини.

Вршител на должноста генерален директор во преоден период, ќе биде Данкан Нејсмит, кој во моментот ја извршува функцијата извршен директор за финансии и трансформација на работата.

“Во име на Надзорниот одбор и во свое лично име, сакам да му се заблагодарам на Дане Кондиќ, чиј мандат е одбележан со значајни достигнувања и позитивни промени, како што се проширување на нашата мрежа, во којашто сега се наоѓа и Њујорк, унапредување на производите и услугите, воведување на модерна флота и подобрување на финансиските резултати… Данкан Нејсмит е искусен лидер и ужива полна доверба од Надзорниот одбор да раководи со компанијата во периодот за прилагодување на работата за продолжување на развојот“, изјави Синиша Мали, претседател на Надзорниот одбор на авиокомпанијата и градоначалник на Белград.

Etihad Airways, националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати, што има 49% удел во Air Serbia, исто така му се заблагодари на Кондиќ на неговите достигнувања како генерален директор на авиокомпанијата.