Генералниот директор на Henkel од октомври на чело на Adidas

19

henkel direktor

Германскиот производител на спортска опрема Adidas соопшти дека Каспер Рорстед ќе биде нов главен извршен директор на чело на компанијата, пишува Wall Street Journal.

Рорстед во овој момент е извршен директор на хемиската компанија Henkel, којшто ќе се приклучи кон одборот на Adidas во август, а на позицијата главен извршен директор ќе биде во октомври.

Рорстед ќе го замени Херберт Хејне, кој беше на чело на Adidas 14 години. Неговиот мандат завршува во март 2017 година, но тој си заминува од таа позиција во септември.