Генијални мисли за лидерство

15

lider-3-pixabay

Фото: Pixabay

Што е тоа што го чини еден човек лидер?

Најдобрите лидери не се секогаш оние кои ги прават најдобрите нешта, туку тие што ги поттикнуваат луѓето да прават одлични работи.

Просечниот учител раскажува, добриот објаснува, супериорниот демонстрира, а одличниот инпирира.

Стравовите чувајте ги за себе, храброста споделете ја со другите.

Не им кажувајте на луѓето како да работат, кажете им што да работат и оставете ги да ве изненадат со резултатите.

Лидерството е вештина со која што терате некој да направи нешто што вие сакате затоа што тој/таа сакаат.

Лидерите мораат да бидат доволно близу за да се поврзат со другите, но и доволно далеку за да можат да ги мотивираат.

Лидерство не се титулите, позициите и графиконите. Лидерство е кога еден живот има влијание врз друг.

Да се биде на одговорна функција понекогаш значи и да нервираш други луѓе.

Некој што не може самиот да се контролира, не може да биде лидер на други.

 Во животот го добиваме само она што имаме храброст да го побараме.

Ако навистина сакате да успеете, започнете со тоа што ќе правите нешто што другите не прават.

Без храброст нема да имате приказна.

Лидерството е акција, не позиција.

Ако го поминувате животот трудејќи се да бидете добри во сè, никогаш нема да бидете одлични во ништо.

Кога орлите молчат, папагалите почнуваат да дрдорат.

Секој може да го држи кормилото кога морето е мирно.