
Белгискиот град Гент и неговите партнери од Амстердам, Атина и Бордо ќе добијат повеќе од седум милиони евра европска поддршка за проект што ќе користи сателитски снимки за да им помогне на градовите попрецизно да ги планираат политиките за климата и енергијата, објавува VRT.
Како дел од проектот Orbit2ZERO, сателитските податоци ќе бидат анализирани со помош на вештачка интелигенција за да се утврди каде има простор за инсталирање соларни панели, зелени покриви и топлински пумпи.
Технологијата треба да помогне и во откривањето на области со зголемено загадување на воздухот, како и на „топлинските острови“ на градот, односно локации каде што температурата значително се зголемува поради големата количина бетон и недостатокот на зеленило.












