Геолошките истражувања во Алшар ќе ги врши македонска компанија

77

Lorandite3За вршење на детални геолошки истражувања на минерални суровини, во локалитетот Алшар кај Кавадарци, назначена е македонска компанија.

За таа намена компанијата ќе плати концесиски надомест од 1.500.000 денари. На јавниот повик распишан во средината на ноември минатата година преку кој Владата бараше концесионери за истражување на минерални суровини, домашната компанија дала највисока понуда од вкупно доставените три.

Една од трите понуди, покрај македонската, е од мешовита компанија со домашен и странски капитал, а другата е со странски капитал.

Според изјавата на министерот за економија Ваљон Сарачини, на денешната прес-конференција, на повикот преку кој за истражување беа понудени 61 локалитет, се доставени понуди за вкупно 49 локалитети. За локалитетите за истражување на неметални минерални суровини се доставени понуди за 17, а за метални минерални суровни за 28 локалитети.

Вкупно 20 компании од кои девет странски, дале понуди за локалитетите. По основ на надомест за концесија за детални геолошки истражувања ќе се наплатат 44 милиони денари. Согласно Законот за минерални суровини, од тие средства 78% ќе бидат приход за буџетот на општината на чија територија ќе се врши концесиска дејност, а 22% за државниот Буџет.

Компаниите што доставиле понуди за испитување на локалитетите треба во рок од 30 дена да ги уплатат финансиите што ги понудиле на јавниот повик, по што имаат рок од две години да ги извршат истражувањата кај металичните суровини, а четири годиникај неметаличните. Ако резултатите се позитивни ќе следи добивање концесија и за експлоатација на минералната суровина што ја откриле на тој локалитет