Каматните стапки ширум светот би можеле да останат високи до 2025 година, изјави извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.
„Инфлацијата забавува, очекуваме вкупната сума да падне на 4,8 отсто во 2024 година, од девет отсто минатата година“, рече таа на состанокот на лидерите на меѓувладиниот форум на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) одржан во Сан Франциско, пренесува Anadolu.
Основната инфлација сè уште заостанува, а заклучокот е дека, за жал, мора да бидеме подготвени за продолжување на повисоките каматни стапки до 2024 година, а можеби и до 2025 година“, додаде Георгиева.
Таа рече дека ММФ предвидува дека глобалниот економски раст ќе достигне три проценти и за тековната и за 2024 година и додаде дека среднорочните изгледи за раст остануваат слаби.