Георгиева предупредува на можна рецесија во Европа

63

Глобалните економски прогнози се сè уште неизвесни, изјави шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предупредувајќи дека натамошните нарушувања во снабдувањето со гас во Европа може да доведат многу економии во рецесија.
Во блог пост пред состанокот на министрите за финансии на Г-20 оваа недела, Кристалина Георгиева рече дека руската инвазија на Украина значително ги влошила економските прогнози и дека ММФ ќе ги намали своите прогнози за 2022 и 2023 година.

Георгиева минатата недела изјави дека фондот, по трет пат годинава, ќе ја намали претходната прогноза за раст од 3,6 отсто во 2022 година и дека не може да исклучи рецесија следната година.

Новите прогнози треба да бидат објавени подоцна во јули, откако ММФ ја намали прогнозата за раст за речиси цел процентен поен во април.

Георгиева рече дека војната предизвикува хуманитарна трагедија и дека придружните шокови го забавуваат растот и ги зголемуваат цените, заканувајќи се да турнат дополнителни 71 милион луѓе во екстремна сиромаштија.

„Владите треба да направат се што можат за да ја намалат високата инфлација… бидејќи постојаната висока инфлација може да го уништи закрепнувањето и дополнително да го намали животниот стандард, особено за најранливите“, рече Георгиева.