
Светската економија е пред нов и голем тест и Европа треба да ја искористи оваа ситуација за да го заокружи единствениот пазар, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.
На пролетната сесија на организацијата во Вашингтон, таа истакна дека е неопходно сите земји да работат конструктивно на што побрзо решавање на трговските тензии, зачувување на отвореноста и отстранување на неизвесноста, која, според неа, е „многу скапа“.
„Ако нема сигурност, компаниите не инвестираат, домаќинствата претпочитаат да штедат наместо да трошат, а тоа дополнително ги ослабува изгледите за и онака ослабен раст“, додаде Георгиева.











