Георгиева: Светската економија поминува низ трансформација, нерамнотежата треба да се намали

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева,  истакна дека глобалната економија поминува низ длабока трансформација и постои голема неизвесност, што ги зголеми ризиците кога станува збор за перспективите за економски раст.

Во својот говор на годишната сесија на ММФ и Светската банка, кога станува збор за решавање на споменатите ризици, таа нагласи дека, меѓу другото, е потребно да се намалат прекумерните глобални нерамнотежи, бидејќи тие претставуваат проблем за стабилноста на меѓународниот монетарен систем.

„Сеопфатните промени во политиката во многу области ги преобликуваат економиите и ја тестираат нивната отпорност, па додека земјите минуваат низ оваа трансформација, приоритетите се зачувување на макроекономската и финансиската стабилност и заедничка работа за да се обезбеди непречено функционирање на глобалната економија“, рече Георгиева.