Георгиева: Живееме во свет на бавен економски раст и високи долгови

98

Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на земјите да се прилагодат на бавниот економски раст и високиот долг, бидејќи тоа е светот во кој живееме во моментов, изјави денеска претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева на Конференцијата за одржливост во Хамбург.

Според неа, тоа значи дека реформите кои придонесуваат за раст, подобрување на инвестициската клима и напредок на пазарот на труд треба „безмилосно“ да се следат.

Меѓународниот монетарен фонд може да им помогне на своите членки да ги спроведат потребните реформи, што ќе им даде потенцијал на овие земји да го зголемат растот на БДП во текот на четири години за осум проценти, додаде Георгиева.

Конференцијата беше отворена со говорот на германскиот канцелар Олаф Шолц.

На средбата учествуваат шефови на држави, претставници на приватниот сектор, академската заедница, граѓанскиот сектор и меѓународните организации.