Фото: Kickstarter
Стартапот Geospace со седиште во Санта Моника, креираше револуционарен хард диск за преносни електронски уреди.
Меморијата на Gospace може да се проширува неограничено. Се поврзува со google и dropbox и може да поддржи до осум уреди во исто време.
Поврзан е со 5G Wi-fi мрежа, а трансферот на податоци од еден уред на друг е неверојатно брз, односно 886 мегабајти во секунда. Освен тоа го зголемува и сигналот на wi-fi мрежата во тешко достапните места во вашиот дом.
Компактабилен е со ајфон, андроид, лап топ и таблет, а освен за трансфер на податоци може да се користи и како Power bank, па можете да го полните вашиот телефон со и без кабел каде и да сте. Има влезови за usb – c и usb – 3.1.
Она што е можеби најдобро е тоа што батеријата на Gospace трае цела една недела. Geospace има своја кампања на платформата Kickstarter каде што досега има собрано 94.240 долари од потребните 20.000, а кампањата трае уште 17 дена.
Првата испорака тимот се надева дека ќе биде во мај оваа година, а цената на овој производ моментално е 69 долари.