Geox тест: Како е да се биде мокар до гола кожа цели седум дена

41

reklama

Минатата година италијанскиот производител на обувки Geox го промовираше водоотпорните чевли Amphibiox на најдождливото место на планетата, Черапунџи во северна Индија. Проектот доби Златен лав во Кан, а норвешката агенција SMFB одлучи овојпат чевлите да ги тестира во урбана средина. Ја избраа Барцелона, а бидејќи овој град не е познат по влажното време, тимот создаде вештачки облак и дожд.

Екипата го следи Том, тест објектот, кој патува низ градот со својот приватен дождлив облак над главата. За седум дена, колку што Том се шеташе под дождот, екипата смени три различни облаци, а чевлите останаа суви.