Германци ќе градат бизнис парк во Тирана вреден 100 милиони евра

46

tiranaГерманската Lindner Група во Тирана ќе гради деловен парк во вредност од 100 милиони евра. Станува збор за проект што ќе се развива 10 години во неколку фази. Проектот вчера беше претставен во Загреб, под покровителство на Американската стопанска комора, пишува Пословни дневник.

Откако изградија бизнис парк во Софија, Бугарија, германските инвеститори бараа држава во овој дел од Европа во која ќе продолжат да инвестираат. Албанија за нив беше најдобар избор поради географската положба.

Во последните 10 години Албанија има една од најбрзо растечките економии во Европа и е една од ретките држави која успеа да ја избегне рецесијата последниве неколку години.

TiranaBusinessPark е најголема поединечна инвестиција во недвижности во оваа земја. Паркот ќе се простира на 220.000 метри квадратни.