Германци ќе произведуваат вар во Кладањ, БиХ

34

Фото: Pixabay

Германската компанија Kalkwerke H.Oetelshofen GmbH&Co ја купи фирма Геоинженеринг од Кладањ, Босна и Херцеговина, објави Biznisinfo.ba.

Истовремено, фабриката од Кладањ го продолжила договорот за концесија за ископи во каменоломот Храстич, па така германската компанија во наредните две години ќе има сигурен извор за преработка на суровини.

Германците се занимаваат со производство на камени агрегати, камено брашно и вар и практично дел од нивните производи за прв пат ќе станат достапни на босанскиот пазар.

По официјалното преземање на фабриката од Кладањ, германската компанија планира да инвестира и во изградба на фабрика за вар, а целиот процес треба да заврши во рок од три години од денот на склучување на договорот за долгорочна концесија за експлоатација на варовник на локацијата.

Првично, новиот газда планира да ја поднови фабриката со машини и уреди, со цел да се модернизира каменоломот, а ќе се вработат најмалку 15 работници.