Германците би сакале помалку да работат

41

Голем број од вработените во Германија би сакале да работат помалку, покажуваат податоците од анализата на Институтот за економски истражувања.

Во овој момент, 50% од вработените мажи и 41% од жените работат повеќе одошто би сакале. Мажите работат 41 час неделно, а би сакале да работат 37, додека жените во просек работат 32 часа неделно, а би сакале да работат два часа помалку. И двете групи би прифатиле и намалување на платата, пренесува Танјуг.

Но, студијата, исто така, открива дека 17% од вработените жени и 9% од вработените мажи би сакале да работат повеќе.

“На прашањето, на пример, дали мајките би сакале да имаат зголемено или намалено работно време, силно влијание има можноста за згрижување на децата“, вели Андреас Пеил, директор на Институтот.

Тој додава дека многу жени, кога би им бил овозможен подобар баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, би сакале да работат подолго.

“Тоа би било рационално, имајќи го предвид фактот што Германија се соочува со недостиг од квалификувани работници“, додава тој.

Фото: Pexels