Германците даваат најмногу пари во заедничката каса на ЕУ, а кој добива најмногу

160

Бидејќи официјален Брисел веќе некое време не објавува податоци, која од членките на ЕУ носи најмногу пари во заедничката каса, и кој троши најмногу од неа, тоа за 2020 година си го пресметаа Германците.

Според проценката на Германската агенција (ДПА), Германија уплатила околу 19,4 милијарди евра повеќе на сметките во Брисел минатата година отколку што примила. На второ место беше Велика Британија, со придонес во буџетот на ЕУ од 10,2 милијарди евра, се разбира пред конечно да го напушти внатрешниот пазар на Унијата, на крајот на годината. Франција, која беше трета по плаќања во буџетот на ЕУ минатата година, префрли повеќе од 9,5 милијарди евра на сметките во Брисел во 2020 година отколку што доби, што, според ДПА, сепак е двојно помалку од Германија. Италија плати една третина помалку од Германија, но сепак е околу 6,3 милијарди повеќе отколку што доби, и со тоа се позиционираше на четвртото место во однос на висината на придонесите.

Кој има најголема нето добивка од заедничкиот европски буџет?

Според пресметките на ДПА, најголем нето -примач во апсолутен број беше Полска, која минатата година доби 12,4 милијарди евра повеќе од буџетот на ЕУ отколку што плати. Потоа следува Грција, со 5,6 милијарди евра, како и Романија и Унгарија со по околу 4,7 милијарди евра.

Фото: Pixabay